Тест за 2 тема по хемија за 8 одд - Quiz
  • 1. Приготвена е смеса од две течности кои меѓу себе не се мешаат. За да се одделат течностите од смесата треба да се употреби:
A) филтер
B) стаклена инка
C) сепарациона инка
  • 2. Доколку треба да се одделат кристали од јод и натриум хлорид од нивна смеса, тогаш ќе се примени:
A) сублимација
B) кристализација
C) дестилација
  • 3. За разделување на компонентите од раствор врз база на разликите во нивните температури на вриење се применува:
A) дестилација
B) сублимација
C) филтрација
  • 4. Својствата на супстанците се делат на:
A) биолошки и физички;
B) хемиски и биолошки.
C) хемиски и физички;
  • 5. Способноста на бензинот да гори спаѓа во:
A) физички својства;
B) биолошки својства
C) хемиски својства;
  • 6. Супстанците можат да бидат:
A) смеси и чисти;
B) смеси и смешани;
C) смешани и несмешани.
  • 7. Кои од наведените процеси се физички, а кои се хемиски? 1. топење на восок при добивање на свеќи; 2. пржење јајца; 3. сушење на влажна коса; 4. киселење на млеко.
A) физички: 2 и 3, а хемиски 1 и 4;
B) физички: 1 и 4, а хемиски 2 и 3.
C) физички: 1 и 3, а хемиски 2 и 4;
  • 8. На разликите во кое физичко својство се базира одвојување на супстанците од смеса со дестилација?
A) кондензација
B) испарливост
C) температура на вриење
  • 9. Кои од наведените супстанци се чисти супстанци, а кои смеси? 1.бензин; 2. графит; 3. сребро; 4. вино; 5. сулфур.
A) чисти супстанци: 2, 3, 5, а смеси 1 и 4.
B) чисти супстанци: 2, 3, 4, 5, а смеси:1;
C) чисти супстанци: 2, 3, 4, а смеси 1 и 5.
  • 10. Раствори се:
A) течности
B) смеси;
C) чисти супстанци
  • 11. Според количеството растворена супстанца, растворот може да биде:
A) солен;
B) заситен
C) течен
  • 12. Раствор со мало количество на растворена супстанца го нарекуваме:
A) разреден раствор;
B) концентриран раствор;
C) заситен раствор
  • 13. Препознај кој од овие не е чиста супстанца?
A) сребро
B) сулфур
C) хартија
  • 14. Направи разлика помеѓу хомогена и хетерогена смеса.
A) Хомогена не е смеса, хетерогена е смеса во која се гледаат супстанците од кои е составена
B) Хомогена смеса е смеса во која не се гледаат супстанците од кои е составена, а хетерогена е смеса во која се гледаат супстанците од кои е составена
C) Хомогена смеса е смеса во која не се гледаат супстанците од кои е составена, а во хетерогена исто така не се гледаат супстанците од кои е составена
  • 15. Препознај ја хомогената смеса.
A) Креда и вода
B) Шеќер и сол
C) Масло и вода
  • 16. Препознај што е сублимација.
A) Одлевање
B) Преминување на една супстанца од цврста во гасна и обратно без да премине во течна
C) Загревање, течноста поминува во водена пареа, потоа со ладење повторно во течна
  • 17. Разликата меѓу декантација или филтрација е :
A) Декантацијата е целосно одделување а филтрација е нецелосно одделување
B) Декантација е нецелосно одделување а филтрација е целосно одделување на една супстанција
C) При декантацијата супстанцата што останува се вика талог,а во филтрацијата тоа што останува се вика дестилат
  • 18. Незаситениот раствор уште е познат како:
A) разреден
B) концентриран
C) преконцентриран
  • 19. Посочи што е супстанца:
A) белег по кој се препознаваат физичките тела
B) белег по кој не може да се докаже дека постои хемиска промена
C) вид на материја од која се изградени физичките тела
  • 20. Откриј што е декантација:
A) раздвојување на цврстата супстанција од течноста во хетерогена смеса
B) компонентите од раствор врз база на разликите во нивните температури на вриење
C) постапка за одделување на компонентите од хетерогена смеса
  • 21. Секој раствор е составен од:
A) раствор и растворлива супстанца
B) растворувач
C) растворувач и растворлива супстанца
  • 22. Која е физичката постапка на одделување на тврдите растворливи супстанци од течноста(растворот) во вид на кристали?
A) Дестализација
B) Кристализација
C) Сублимација
  • 23. Течноста која поминува низ порите на филтерот се вика:
A) филтрат
B) талог
C) филтри
  • 24. Хемиски промени уште се нарекуваат:
A) Хемиски својства
B) Хемиски реакции
C) Физички својства
  • 25. Заситен раствор е составен од:
A) Повеке растворувач отколку растворлива супстанца
B) Исто количество на растворувач и растворлива супстанца
C) Повеке растворлива супстанца отколку растворувач
  • 26. Декантацијата се базира на...
A) разлика на големините на честичките
B) разликите во густината
C) разликите во компонентините температури на вриење
  • 27. Каква постапка е фракциона дестилација?
A) Хемиска постапка.
B) Физичка постапка.
C) Не е постапка.
Students who took this test also took :

Created with That Quiz — where test making and test taking are made easy for math and other subject areas.