Test po biologija za imunitet 6 i 7 tema 1
  • 1. Кој не припаѓа во имунитетниот систем:
A) крајници
B) лимфни јазли
C) слезенка
D) панкреас
  • 2. Напролет присуството на поленот може да предизвика реакции кај човекот(црвенило), затоа што претставува
A) отров
B) серум
C) антитело
D) антиген
  • 3. Рх-позитивни се:
A) Луѓето кои во крвта на еритроцитите имаат уште еден антиген обележан како Рх+ фактор
B) Луѓето кои во крвта на еритроцитите имаат уште еден антиген обележан како Рх- фактор
C) Луѓето кои во крвта на еритроцитите имаат само еден антиген
  • 4. Хив-вирусот го напаѓа:
A) Имуно-биолошкиот систем
B) Дигестивниот систем
C) Мускулниот систем
D) Респираторниот систем
  • 5. Пресадување на органи од еден на друг човек се вика:
A) Трансфузија
B) Реанимација
C) Трансплантација
D) Транспирација
  • 6. Давање крв на болниот при некое крвавење се вика или( Изгубената крв се надокнадува со :
A) трансфузија
B) трансплантација
C) . когулација
D) . реанимација
  • 7. Која крвна група е универзален давател:
A) О
B) АБ
C) А
D) Б
  • 8. Која крвна група е универзален примател:
A) А
B) О
C) Б
D) АБ
  • 9. Во процесот на создавање на имун одговор вакцина е
A) вроден
B) вештачки имунитет
C) стекнат
D) природен
  • 10. Кои се крајни продукти во процесот на дишење
A) Гликоза, кислород и енергија
B) Кислород, вода и енергија
C) Јаглерод диоксид, вода и енергија
  • 11. Во која од наведените органели се врши клеточно дишење?
A) Рибозом
B) Лизозом
C) Митохондрија
D) Голџиев апарат
  • 12. ,,Без кислород нема живот,,- затоа што
A) во негово присуство во клетките се создава гликоза и се ослободува енергија
B) во негово присуство хранливите материи се разложуваат и се добива енергија
C) во клетките не може да се врши транспорт на хранливите материи
D) во клетките не може да се врши синтеза на белковини
  • 13. Во кој дел од системот за дишење се произведува глас?
A) Голтка
B) Грло
C) Душник
D) Грклан
  • 14. Кој од наведениве дишни патишта завршува со воздушни кесиња изградени од алвеол
A) Душникот
B) Бронхиолите
C) Бронхиите
D) Гркланот
  • 15. Во кој од наведените возрасти сметате дека фрекфенцијата на дишење ќе биде најголема при нормални услови?
A) Дете
B) Жена
C) Новороденче
D) Баба
  • 16. Размената на гасови во белите дробови (алвеоли) се врши на основа на разликата на
A) воздушниот притисок
B) парцијалниот притисок
C) осмотскиот притисок
D) белодробниот притисок
  • 17. Помошни органи со кои се извршува механизмот на дишење се
A) ребра, градна коска и дијафрагма
B) меѓуребрени мускули, дијафрагма
C) ребра, стомачни мускули и карлица
  • 18. Ако концентрацијата на кислород во алвеолите е 21%, а во крвните капилари 14% тогаш
A) нема да има дифузија на кислород додека парцијалните притисоци на гасовите не се изедначат
B) кислородот од алвеолите ќе помине во капиларите затоа што има поголем парцијален притисок
C) кислородот од капиларите ќе помине во алвеолите затоа што има помал парцијален притисок
  • 19. Ако човек престојува подолго време во затворена гаража каде работи моторот на автомобилот, постои опасност од задушување. Зошто?
A) Издувните гасови од автомобилот ќе го уништат количеството на кислород во просторот
B) Хемоглобинот има поголем афинитет да се врзе со јаглерод моноксид(СО), отколку со О2
C) Кислородот ќе се уништи и ќе исчезне
  • 20. Ако работниците во текстилна индустрија работат без заштитни маски и не проветруваат, тогаш постои опасност да заболат од болеста:
A) остеопороза
B) ангина
C) силикоза
D) синуситис
  • 21. Каде е сместен центарот за дишење?
A) рбетен мозок
B) мал мозок
C) голем мозок
D) продолжен мозок
  • 22. Комбинирана постапка од масажа на срце и вештачко дишење се нарекува :
A) ревитализација
B) реставрација
C) реанимација
D) рекомбинација
  • 23. Мускулите за својата работа трошат енергија која ја добиваат во процесот на:
A) контрактилност
B) исхрана
C) клеточно дишење
D) излачување
Created with That Quiz — a math test site for students of all grade levels.