Test za mocovoden sistem 8 tema 1
  • 1. Водената рамнотежа НЕ се одржува преку :
A) Механизам на жед
B) Хромозоми
C) Регулатори на Ph
D) Хормони
  • 2. Човечкото тело вишокот на вода како водена пареа го ослободува преку
A) Кожата
B) Бубрезите
C) Белите дробови
D) Дигестивниот систем
  • 3. Како се викаат основните градбени единици на бубрегот во кои се филтрира крвта?
A) Неврити
B) Неврони
C) Нефрони
D) Дендрити
  • 4. Која од наведените материи НЕ влегува во состав на дефинитивна урина на здрав човек?
A) Белковини
B) Вода
C) Минерални соли
D) Уреа
  • 5. Со гломеруларна филтрација во нефронот се добива
A) Конечна урина
B) Крв без еритроцити
C) Крвна плазма
D) Примарна урина
  • 6. Кои од наведениве карактеристики се однесуваат на пирамидите кои го градат бурегот!
A) Основни единки кои ја градат кората на бубрегот
B) Ја собира урината пред таа да се исфрли
C) Конусовидни структури составени од повеќе собирни каналчиња
D) Ја носат мочта од бубрезите до мочниот меур
  • 7. Непријатниот мирис на урината доаѓа од присуство на:
A) Жолчните бои
B) Амоњакот
C) Триглицеридите
D) Минералите
  • 8. Песок или камен во бубрегот се таложи во:
A) Нефронот
B) Бубрежната кора
C) Бубрежното леѓенче
  • 9. Кој пигмент се наоѓа во долниот дел на епидермисот на кожата
A) Меланом
B) Родопсин
C) Меланин
D) Меланоцит
  • 10. Прекумерното зголемување на телесните течности во меѓуклеточните простори се нарекува :
A) Оток
B) Гноење
C) Труење со вода
D) Дехидратација
  • 11. Преку бубрезите во форма на моч секојдневно се исфрлаат :
A) 1-2 литри
B) 1-1,5 литри
C) 0,5-1 литар
D) 3-4 литри
  • 12. Кој го контролира празнењето на мочнот меур?
A) Мал мозок
B) Продолжен мозозк
C) Меѓумозок
D) Рбетен мозок
  • 13. Процесот на одржување на рамнотежата на водата во организмот е наречен :
A) осморегулација
B) дехидратација
C) детоксикација
  • 14. На дијализа се испраќаат пациентите кај кои:
A) Ако има преголемо излачување на мокрача
B) Ако едниот бубрег престане да функционира
C) Ако двата бубрега престанат да функционираат
  • 15. Ако на кожата се појават пликови исполнети се ткивна течност,тоа е изгореница од?
A) Прв степен
B) Втор степен
C) Трет степен
  • 16. Која од наведениве течности не спаѓа во вонклеточна течност?
A) Очната водичка
B) Течноста од клетките
C) Мозочната течност
D) Крвната плазама
  • 17. Која од наведениве течности не го стимулира исфрлањето на вода од организмот?
A) Кафе
B) Чај
C) Виски
D) Млеко
Created with That Quiz — a math test site for students of all grade levels.