Test za Cirkulatoren sistem 1
  • 1. Пигментот хемоглобин во црвените крвни клетки ја врши функцијата?
A) Врзува и пренесува масти
B) Го запира крварењето
C) Ги врзува и пренесува CO2 и O2
D) Ја одредува крваната група
  • 2. Кој од крвните клетки учествува во коагулацијата?
A) Тромбоцити
B) Лимфоцити
C) Еритроцити
D) Леукоцити
  • 3. Која е улогата на леукоцитите
A) Да го бранат телото од напаѓачи
B) Да пренесуваат хранливи материи
C) Да ја згрутчуваат крвта
D) Да пренесуваат гасови
  • 4. Ако од крвта ги отстраниме крвните клетки ќе остане:
A) Лимфна течност
B) Крвната плазма
C) Крвен серум
D) Крвна течност
  • 5. Ако детето ја наследило болеста и е хемофиличар тогаш неговото тело ќе има
A) Зголемен крвен притисок и пулс
B) Намалена способност за коагулирање на крвта
C) Намалена способност за размена на гасови
D) Зголемен хемоглобин
  • 6. Во десната половина на срцето тече
A) Крв сиромашна со кислород
B) Крв богата со кислород
C) Крв богата со СО2
  • 7. Крвни садови кои ја собираат крвта од органите и ја носат во срцето се викаат:
A) Капилари
B) Артерии
C) Вени
D) Артериоли
  • 8. Со што се карактеризира болеста анемија:
A) Зголемување на бројот на еритроцитите
B) Зголемување на бројот на тромбоцитите
C) Намалување на бројот на еритроцитите
D) Зголемување на количеството на плазмата
  • 9. Како се вика фазата при срцевата работа, кога преткоморите се стегаат(активна фаза)?
A) Пулс
B) Дијастола
C) Систола
D) Крвоток
  • 10. Процесот на засирувањето на крвта е познато како
A) Коагулација
B) Тромбоза
C) Трансфузија
  • 11. Нечистата крв од телото се враќа во срцето преку:
A) Горна и долна шуплива вена
B) Горна шуплива вена
C) Белодробна вена
D) Долна шуплива вена
  • 12. Кои крвни садови ја враќаат оксидираната крв во срцето
A) Белодробни артерии
B) Горна шуплива вена
C) Аорта
D) Белодробни вени
  • 13. Крвта е :
A) Меко сврзно ткиво
B) Течно сврзно ткиво
C) Фиброзно сврзно ткиво
  • 14. Најмалите крвните садови кои доаѓаат до клетките и преку нив се врши размена на гасови се;
A) Капиларите
B) Артериолите
C) Венулите
  • 15. Пулс е :
A) Брановидното движење на крвта низ артериите
B) Отчукувањето на срцето
C) Брановидното движење на крвта низ вените
  • 16. Крвен притисок е:
A) Силата со која крвта ги отвара клапите
B) Силата со кој крвта притиска на ѕидовите на крвните садови
C) Силата со која крвта влегува во срцето
  • 17. Како се вика надворешниот слој на срцето?
A) Перикард
B) Мускулест слој
C) Епителен слој
  • 18. Која од наведениве функции е заштитна функција на крвта:
A) Пренесува топлина во организмот и ја регулира телесната температура
B) Врши коагулација и не дозволува преголемо губење на крв од организмот
C) Пренесува хранливи материи и кислород до крвта
  • 19. Кој од наведениве органи не е дел од лимфниот систем:
A) Крајници
B) Лимфни јазли
C) Градна жлезда
D) Срце
  • 20. Како се нарекува болеста во која настанува наталожување на маснотии во ѕидовите на крвните садови:
A) Артериосклероза
B) Атеросклероза
C) Анемија
D) Аритмија
  • 21. Ѕидовите имаат мала цврстина и еластичност а во внатрешноста имаат залистоци-ова е краток опис на кои крвни садови?
A) На венулете
B) На аортата
C) На вените
D) На артериите
  • 22. Пулсот го мериме на:
A) Вените
B) Капиларите
C) Артериите
  • 23. На кои делови се дели аортата штом ќе излезе од срцето?
A) Лев дел,десен дел и прав дел
B) Нагорен дел,аортен лак и надолен дел
C) Аортата продолжува право и воопшто не се дели
  • 24. Малиот крвоток носи крв до?
A) Главата
B) Белите дробови
C) Целото тело
  • 25. Големиот крвоток носи крв до?
A) Нозете
B) Белите дробови
C) Целото тело
  • 26. Хемофилијата е болест која :
A) Се пренесува генетски,женските заболуваат а машките се преносители
B) Се пренесува генетски,заболуваат и машките и женските
C) Се пренесува генетски,женските се само преносители а машките заболуваат
Created with That Quiz — where a math practice test is always one click away.