Тест биологија за 9 одд.1 и 2 тема 1 - Quiz
  • 1. Заеднички предок на човекот и човеколикиот мајмун е :
A) проконзул
B) прачовек
C) австралопитекус
D) предчовек
  • 2. Кои предци припаѓаат во стадиумот на еволуцијата на човекот,,хомо сапиенс,,- фосилис?
A) Хомо хабилис и хомо еректус
B) сите човекови претци
C) австралопитекус и хомо хабилис
D) неандерталец, кромањонец, крапински човек
  • 3. Човекот се разликува од мајмуните по следната карактеристика
A) Eмбрионалниот развиток
B) Појавата на рудиментирани органи
C) Големината и градбата на мозокот
D) Градбата на телото
  • 4. Кои организми еволуирале заедно со човекот
A) инсектојади
B) цицачи
C) антропоиди
D) хоминиди
  • 5. Во која раса спаѓаат индијанците?
A) бела
B) црна
C) монголска
D) жолта
  • 6. Според карактеристиките, одреди во која група спаѓа австралопитекусот?
A) Живеел во јужна Африка, бил висок 1 м.,по исправеноста личел на човек
B) Живеел во Германија во пештери, правел облека и орудија, одржувал огин
C) Живеел во Франција во колиби, ловел со стрела, развил сопствена култура
D) Живеел во Хрватска, во пештерата Крапина, користел копја, облека,
  • 7. Порастот на човечката популација е резултат на развојот на
A) земјоделството, сточарството и медицината
B) шумарството и водостопанството
C) градежништвото, ветерината и медицината
  • 8. Промените на карактеристиките на живите организми преку генерациите, со текот на времето ги изучува.наука
A) археологија
B) палеонтологија
C) антропологија
D) еволуција
  • 9. При ископување пронајден е череп во кој се претпоставува дека се наоѓал мозок со запремина 1000 см3 . Во кој стадиум на еволуција припаѓал човечкиот предок
A) хомо еректус
B) хомо сапиенс
C) хомо сапиенс-фосилис
D) австралопитекус
  • 10. Која е причината која условила првите човеколики суштества да се одвојат од човеколките мајмуни?
A) Се скарале меѓусебе
B) Изгорените шуми кои подоцна се формирале во тревнати површини на кои се населиле првите човекови претци
C) За да го измислат огнот
  • 11. Појава на атавизам е:
A) Појава на закржлавени органи
B) Појава на одлики кои ги имале човековите предци
C) Сличност во ембрионалниот развој
  • 12. Кој од наведениве претставници не спаѓа во човеколки мајмуни:
A) Орангитан
B) Лемур
C) Шимпанзо
D) Горила
  • 13. Кој од човековите предци го измислил огнот и имал добро развиени ловечки вештини
A) Хомо сапиенс фосилис
B) Хомо сапиенс
C) Хомо хабилис
D) Хомо еректус
  • 14. Во кој од наведениве докази спаѓа појавата на опаш:
A) Појава на атавизам
B) Градба на телото
C) Ембрионален развој
D) Појава на рудиментирани органи
  • 15. Клеточната мембрана е изградена од сложени масти и
A) скроб
B) калциум
C) шеќери
D) белковини
  • 16. Контролните механизми за управување со животните процеси во клетката се сместени во :
A) јадро
B) рибозом
C) јадренце
D) центриол
  • 17. Зошто човекот не може сам да си создаде храна
A) затоа што во телото на човекот леукопластите не можат да преминат во хлоропласти
B) затоа што човечките клетки немаат клеточен ѕид
C) затоа што резервниот шеќер не е во вид на скробни зрнца
D) затоа што човечките клетки немаат хлоропласти
  • 18. Органелата преку која се излачуваат непотребните материи од клетката е
A) голџиев апарат
B) митохондрија
C) рибозом
D) лизозом
  • 19. Клеточна органела на чија површина се рибозомите е:
A) лизозом
B) голџиев апарат
C) клеточна мембрана
D) ендоплазматичен ретикулум
  • 20. Растењето, развитокот и заздравувањето на повредите се објаснува со
A) делба на клетката
B) мирување на клетката
C) контракции на клетката
  • 21. Која органела во клетката учествува во создавање на енергија
A) Лизозом
B) центриол
C) Рибозом
D) Митохондрија
  • 22. Која е функцијата на рибозомите?
A) разложување непотребни матеии
B) создавање на белковини
C) излачување непотребни материи
D) делба на клетка
  • 23. Која од наведениве дефиниции се однесува на организам:
A) Повеќе органи кои градат функционална целина и вршат животен процес
B) Збир на клетки еднакви по форма и големина и вршат иста функција
C) Носител на животот во кој се обединети сите органски системи и работат усогласено
D) Повеќе ткива кои вршат одредена функција
  • 24. Со каква делба се делат клетките?
A) половите клетки со анафаза, телесните клетки со телофаза
B) половите клетки со коњугација, телесните со фрагментација
C) половите клетки со мејоза, телесните клетки со митоза
D) половите клетки со митоза, телесните клетки со мејоза
  • 25. Делбата со која се преполовува бројот на хромозоми е :
A) митоза
B) мејоза
C) телофаза
D) интерфаза
  • 26. Митозата е делба на клетките во која се добиваат :
A) 1/2 клетка
B) 3 клетки
C) 2 клетки
D) 4 клетки
  • 27. Кои од наведениве органели го формираат делбеното вретено при делба на клетките?
A) Митохондриите
B) Центриолите
C) Лизозомите
D) Рибозомите
  • 28. Интерфаза е:
A) Фаза во која се формира делбеното вретено
B) Фаза меѓу две делби
C) Фаза во која клеточната мембрана се вдлабнува
  • 29. Во која група на ткива спага крвта?
A) нервно
B) епително
C) мускулно
D) сврзно
  • 30. Кои од наведените клетки се добиваат со мејоза (сложена делба), и содржат по 23 хромозоми
A) мускулни клетки
B) сперматозоиди
C) крвни клетки
D) срцеви клетки
Created with That Quiz — where test making and test taking are made easy for math and other subject areas.