ThatQuiz Test Library Take this test now
Test 28.11.2013 4
Contributed by: Naskovska
  • 1. Кожата кај некои животни создава кожни творби и служи за:
A) Заштита од висока и ниска температура
B) Заштита од убод, удар
C) Сите наведени одговори се точни
D) Заштита од влага и суша, светлина
  • 2. Што забележуваме во надворешната покривка на хидра и медуза
A) Амебовидни клетки
B) Жарни клетки
C) Кутикула
D) Клетки за складирање на храна
  • 3. Горниот слој на епидермисот кај црвите е задебелен и формира слој наречен:
A) Хитин
B) Рожест слој
C) Кутикула
D) Лигав слој
  • 4. Хитинот како кожна творба се среќава кај
A) Водоземци
B) Риби
C) Членконоги
D) Прстенести црви
  • 5. Зошто змиите се преслекуват
A) За да опстанат во средината
B) За да можат да дишат
C) За да можат да се размножуваат
D) За да можат да растат
  • 6. Кожата кај рбетниците е изградена од
A) Епидремис(поткожичка) и потни и лојни жлезди
B) Кутикула и вистинска кожа(дерма)
C) Епидермис(поткожичка) и масно ткиво
D) Епидермис(поткожичка) и вистинска кожа(дерма)
  • 7. Кај кои рбетници кожата со жлезди лачи лигава материја и создава варовнички стргунки
A) Влечуги
B) Водоземци
C) Птици
D) Риби
  • 8. Зошто жабите се кријат напладне кога е топло
A) За да соберат енергија за движење
B) За да преспијат
C) За да не им се исуши кожата преку која дишат
  • 9. Која од наведените органели не е кожна творба
A) Пипала
B) Рогови
C) Нокти
D) Папци
  • 10. Која е функцијата на пердувите кај птиците и крзното кај цицачите
A) Лачење на масни материи
B) Одржување на постојана температура на телото
C) Координирање на движењето
  • 11. Ноктите и канџите се карактеристични за
A) Копитари
B) Папкари
C) Водоземци
D) Ѕверови
  • 12. Копитата како рожни творби се среќаваат кај
A) Овца и коза
B) Крава и свиња
C) Магаре и коњ
D) Срна и елен
  • 13. Надворешна покривка кај цицачите е
A) Лигава кожа обрасната со влакна
B) Мрсна кожа обрасната со влакна
C) Сува кожа обрасната со влакна
D) Кожа со жлезди обрасната со влакна
  • 14. Рожни творби на птиците се
A) Перја, рожни лушпи,канџи и клун
B) клун, папци, нокти
C) Рожнати лушпи, пердуви, рожнати плочки
D) Канџи, копита
  • 15. Спореди и одреди ја кожата на влечуги
A) Влажна, лигава и набрчкана кожа
B) Сува кожа, без кожни жлезди со рожни сргунки(лушпи)
C) Цврста, еластична и дебела кожа со влакна
D) Влажна, лигава кожа со варовникови стргунки
  • 16. Преставник од цицачите кој што лета е
A) Гуска
B) Пчела
C) Гулаб
D) Лилјакот
  • 17. Морските желки и пингвини се приспособиле за пливање во вода со помош на
A) Мускули кои се поставени во сите правци
B) Нозе и крилја кои се преобразени во перки
C) Непарни перки кои служат како кормило
D) Градна коска и градни мускули
  • 18. Лесното пливање на рибите во сите слоеви на водата е затоа што телото е
A) Аеродинамично
B) Хидродинамично
C) Специфично
  • 19. Кој од коприварките слободно плива
A) Медуза
B) Корал
C) Хидра
  • 20. Одреди ги органите и начинот на движење на дождовен црв
A) Пливање со помош на собирање и издолжување на мускулите
B) Ползење со помош на мускулно стопало
C) Ползење со помош на амбулакрални ножиња
  • 21. При летањето, птиците се извишуваат и спуштаат на приземје со помош на
A) Воздушните кеси на белите дробови
B) Опашната коска
C) Градната коска ( кобилица )
  • 22. Ако се тркаат сокол, ној и гепарт, кој ќе биде прв?
A) Соколот
B) Сите ќе стасаат приближно заедно
C) Гепард
D) Нојот
  • 23. Што и помага на жабата да скока ?
A) Тоа што задните нозе и се многу поголеми од предните нозе
B) Тоа што има воздушен меур во пределот на вратот
C) Тоа што има пневматични коски
  • 24. Во потоците со помош на трепки слободно плива црвот
A) Тенија
B) Планарија
C) Глиста
D) Дождовен црв
  • 25. Ползењето со мускулно стапало е начин на движење кај
A) Желката
B) Полжавот
C) Водоземците
D) Змијата
Created with That Quiz — the site for test creation and grading in math and other subjects.